Владата демантира дека имало физичка пресметка меѓу Груби и Рашковски

Владата на Република Македонија најостро ги демантира информациите дека вчера се случила физичка пресметка меѓу двајца високи владини функционери.

Од “Илинденска” најостро се демантира оваа вест и содржината изнесена во веста, од таму категорично отфрлаат дека имало каков било инцидент помеѓу првиот вицепремиер Артан Груби и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.