Владата на Димитар Ковачевски преку својот генерален секретар потрошила 24 милиони евра за еден тендер додека јавноста се занимава со Онкологија и Кривичен законик.

Генералениот секретаријат на владата со
договорот за јавна набавка за
Софтверски лиценци потрошила огромни милијарда и 418 милиони денари.


Со набавката на Софтверски пакет за управување со лиценци за кој имало отворена постапка но немало електронска аукција важел единствен критериум најниска цена иако во овој бизнис има многу други стандарди кои мора да се испочитуваат.

Интересно е што договорот е на три години односно владата во заминување овој софтвер ќе го користи само десетина месеци а вообичаено пред заминување владите не би требало да вршат јавни набавки за долг рок затоа што така расте сомнежот дека нарачателот ќе има финансиска корист и по смена на власта.

На тендерот учествувале:
Друштво за производство, промет и услуги КОМТРЕЈД ДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ Скопје
Softwareone AG,
Друштво за професионални и консултантски услуги ТЕЛЕЛИНК БИЗНИС СЕРВИСИС ДООЕЛ Скопје,
Друштво за производство, трговија и услуги АИТОНИКС АД Скопје која го добила тендерот.

Највисока добиена понуда е 26.538.958,32 денари а најниската добиена понуда е 22.735.590,24.

Информации за носителот на набавката со кој е склучен договорот е малку познатото Друштво за производство, трговија и услуги АИТОНИКС АД Скопје.

Досега ова е убедливо најголема набавка на ваков вид услуги во Македонија.

Договорот е потпишан на први септември оваа година.