Владата да си поднесе оставка за трагедијата во Тетово, побара Таравари

Градоначалник Арбен Таравари преку Фејсбук побара Владата да си поднесе оставка по вчерашната страшна несреќа во тетовската модуларна болница која изгоре до темел и во која животот го изгубија 14 пациенти.

Според последните официјални информации во пожарот во модуларната ковид болница животот го загубија 14 лица. Обвинителството информира дека се работи на идентификација на починатите, но се истражува и дали има и други починати лица.(плусинфо)