На денешната 99 седница Владата го усвои текстот на барањето до Меѓународниот монетарен фонд, за обезбедување Кредитна линија за претпазливост и ликвидност. Кредитната линија за претпазливост и ликвидност е во износ од 530 милиони евра.

Средствата од Кредитната линија, се појаснува во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста, се наменети за поддршка на Буџетот на Република Македонија.