Политичкиот аналитичар и новинар Ивор Мицковски ја коментира изјавата на премиерот Ковачевски која вети дека Македонците ќе живееле како во екс Југославија и подобро од граѓани на низа членки на ЕУ.
За него оваа изјава на Ковачевски е колосална глупост.
,,Да тропаш вака колосални глупости значи дека си прерипал основно образование и не разбираш ништо од историски контекст, пропорција на територии, економии и популации, како и колку споменатите земји се вклучени во германската економија или зошто се дел од американската геополитичка авангарда, да не знаеш да разликуваш каков историски инцидент и неопходен бафер била Југославија, да немаш појма дека Чехословачка пред Втора светска била поразвиена од Швајцарија, да не гледаш дека Полска повеќе од деценија добива преку 110 милијарди од ЕУ, дека ќе создаде најголема армија во Европа”, смета Ковачевски кој вели дека да ја споредуваш Македонија со овие земји, па дури и Бугарија, не е само погрешно, туку е крајно некултурно и необразовано.
,,Не можеме да се споредуваме со џуџињата од ЕУ, како Словенија, Кипар или Малта, камоли со историски самосвесни и економски развиени земји”, пишува Мицкоски за изјавата на Ковачевски.