Викендов „Парада на гордоста“ во Скопје – ќе ја отвори Васил Гарванлиев

Претставник на Македонија на годинашнава Евровизија, Васил Гарванлиев, ќе ја отвори втората „Парада на гордоста“ што ќе се одржи на 26 јуни во Скопје.

Според организаторот, настанот ќе започне со собирање на учесниците во паркот „Жена Борец“ од 10 до 12 часот, а движењето ќе биде покрај Влада, сѐ до Школка во Градскиот парк.

Организатор на парадата е Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.