ВИДИ ВАКА: Еколошката катастрофа во Македонија е безбедносно прашање (ВИДЕО)

Загадувањето ги убива жителите на Македонија. Помеѓу 1.000 и 3000 жители на земјава годишно умираат од загадувањето.

Властите потфрлија да ги заштитат граѓаните, сите досегашни обиди беа залудни, се вели во анализата продуцирана од ВИДИ ВАКА.

За решавање на радикален проблем се потребни радикални чекори. Нашиот предлог е загадувањето да го извадиме од секојдневната политика и да го префрлиме во политиките на итност, со тоа што проблемот ќе го класифицираме како прашање од национална безбедност.

Видео колумна на Лазар Поп Иванов , ко-претседател на Член 1 – Институт за глобални политики и право.