Возило на Итната медицинска помош во Куманово се запали претпладнево при транспорт на пациент. Во инцидентот нема повредени лица. Освен возачот и пациентот, во возилото немало трето лице.
– За среќа нема повредени. Возачот и случајните минувачи навреме реагирале, го изнеле пациентот на безбедно и почнале да го гасат чадот од предната страна на возилото, изјави директорот на Здравствниот дом, Фарук Алили.

Од МВР информираа дека пожарот во возилото кое е во сопственост на ЈЗУ „Здравствен дом“ Куманово се случил додека било во движење. На терен излегле кумановските пожарникари, а во гаснењето на огнот помогнал и возачот на Итната помош. Нема повредени лица и извршен е увид.
Видео од инцидентот објави ТВ Лајм на Фејсбук. Во него се гледа како излегува чад од предниот дел. На помош притрчале неколку, а набрзо и противпожарна екипа со чија помош било изгаснато возилото.
