Жители на околните села снимиле видео од хеликоптерите на АРМ во акција за гасење пожар над селата Могорче и Горно Мелничани, Дебарско.
Огнот на планината Стогово во кој изгореа десетици хектари дабова шума започна завчера попладне а од утрово во неговото гасење се вклучија два хеликоптери на АРМ чии пилоти полнат вода од Дебарското езеро.
За да дојдат до реонот меѓу селата Могорче и Горно Мелничани каде е лоциран пожарот хеликоптерите минуваат над селата Папрадник, Долно Мелничани, Горенци, Баланци и Пареши.
Повеќе доброволци од овие села од почетокот на огнот понудиле да се вклучат во гаснењето на пожарот на жителите на Могорче но поради недостапноста и тешкиот терен сега пожарот се гаси со хеликоптери на АРМ.
Пожарот не е иминентна опасноста за околните села и во него нема жртви но поради силните планински ветрови постои опасност доколку не биде згаснат тој може да се прошири на поголема површина и да загрози и населени места.
Завчера во близина на пожарот биле приведени двајца странски и 6 македонски државјани кои ги испитува јавното обвинителство.
Целото видео на овој ЛИНК
Видео од хеликоптерите на АРМ во акција за гасење пожар над селата Могорче и Горно Мелничани, Дебарско
Целото видео на овој линкhttps://t.co/rvGijCqijv pic.twitter.com/X5Nzhf9dv8— EXPRES.MK (@ExpresMK) August 15, 2021