Видео на годината: „Приведувањето“ на коњот на автопатот до Тетово

Галопирањето на впрегнатиот коњ во спротивниот од правецот на движење на автопатот до Тетово за момент ја засени дури и историската елаборација на премиерот Зоран Заев за колаборационистите на фашистичкиот окупатор во Македонија.

Врв е, сепак, видеото (со пригодна музичка подлога) со кое е овековечена успешната полициска акција на „приведување“ на четириножниот одметник.