Кошаркарите на ЛА Лејкерс со 102-96 ја извојуваат и третата победа над Мајами во четвртиот дуел од големото финале во НБА лигата.

Во спектакуларен натпревар со супер драматичен финиш фаворизираниот Лејкерс сепак успеа да го скрши отпорот на борбениот и хомоген Мајами и да стигне до водство во победи од 3-1.

Лејкерси се на само една победа од нов шампионски прстен во НБА, што би бил прв во ерата на Леброн Џејмс.

Жолтите од Ел Еј во драматичната завршница благодарејќи им на извонредните Ентони Дејвис и Колдвел Поуп го добија четвртиот меч од финалната серија со 102-96 (27:22, 22:25, 26:23, 27:26).