(ВИДЕО) ,,Герила акција” урна цензура за критика на северна, Шекеров крена револуција за спас на македонскиот уметник

Со акт на уметничка револуција која има за цел да се даде отпор и да се заштити дигнитетот на македонскиот уметник падна цензурата за критиката на северна преку уметничка инсталација.

Забранетиот уметник Зоран Шекеров чие дело беше цензурирано поради уметничката порака за Северна како место каде што нема уметници, сепак успеа да го изложи своето дело во Музејот на град Скопје.

Шекеров со герила акција го постави своето дело во музејот иако утре нема да биде дел од отворањето на изложбата од која е брутално исфрлен.

Уметникот сам влезе во Музејот на град Скопје и привремено ја постави својата инсталација која е цензурирана од страна на менаџментот.

Повеќе детали за скандалот во Музејот на град Скопје

Настрада за северна од тие што тврдат дека ќе ја укинат северна

Цензурираниот уметник за ,,северна” дефинитивно елиминиран од изложбата на Музеј на град Скопје