(ВИДЕО + ФОТО) Шестгодишно момче паднало во дупка длабока 3 метри во Дојран, ќе има ли одговорност?

Шестгодишно момче паднало во дупка длабока 3 метри во центарот на Дојран, но досега никој не презема одговорност за инцидентот што ги потресе жителите на ова македонско туристичко место.

Инцидентот се случил на 9 јули во центарот на Дојран кога две дечиња играјќи во близина на дупките длабоки околу 3 метри се соочиле со опасност по живот.

Едно од момчињата не видело дека дупката е отворена и паднало во неа додека неговото братче кое има само 4 години било сведок на целиот инцидент но било немоќно да му помогне.

Помалото братче веднаш повикало членови на семејството по што детето било извадено од дупката.

Детето било веднаш пренесено во болница каде биле утврдени телесни повреди но за среќа тоа е надвор од животна опасност и добро се опоравува.

Полициската станица во Дојран по службена должност презела соодветни мерки за случајот но градоначалникот Ангов се уште се нема јавено да праша како е детето, велат разочарани роднини.

Дупките и покрај апелите на повеќе граѓани на Дојран кои предупредувале на можна трагедија биле отворени подолго време.

Тие биле затворени дури два дена по инцидентот во кои двете братчиња можеле да го загубат животот.

За инцидентот кој е пријавен во МВР засега нема истрага од полицијата и обвинителството за кое е јавна тајна дека е под контрола на владеачките партии СДСМ и ДУИ.

Градоначалникот на Дојран кои носи директна одговорност за можната смрт на двете братчиња е од редовите на СДСМ.

Дупките кои можеа да предизвикаат голема трагедија се наоѓаат во центарот на Дојран на само стотина метри од општината Дојран.

Видеото од дупките откако се затворени со бетонски капаци кои се ставени дури откако се случил инцидентот.