Вицепремиерот за корупција забранил критички коментари од граѓани

На социјалните мрежи влијателниот Божидар Божиновски открива дека Вицепремиерот за борба против корупција му забранил да коментира.

Однесувањето на Љупчо Николовски делува наивно и детски но не е вели популарниот Божиновски.

“Делува сосема наивно, детски дури, од функционер платен со наши пари (меѓу кои нешто ситно и од мене) да забранува коментирање на негови постови. Нормално коментарите никогаш не биле говор ба омраза или закани затоа што покрај шо е казниво е и недостоинствено. Исто ко и забраната.

Делува наивно, но според плановите и не е. Не само за мене туку за сите. Намалена им е толеранцијата на критика, а уште го немаат извадено асот од “Агенда 21” за борба против лажни вести, наизглед племенита борба, а во пракса цензура. Денес е еден министер со забрана за еден човек. Утре ќе е цела влада со забрана за сите. До крајот на годината ќе е отворена цензура на медиуми, социјални мрежи”, анализира Божиновски.

Тој вели дека до денес “фејк њуз” било дека Љупчо бил во Дубаи но денеска самиот како релевантен извор, признал дека дека бил на патување.

“За жал не учат ништо од историјата и од тоа што го поминаа, кога немаше каде да писнат и да им се слушне глас па сега од позиција на моќ ќе сакаат да го прават истото. Забораваат дека моќта не е вечна и дека еден ден пак на маргините ќе зборуваат во празно. Само тогаш без маски на некои слободотворци туку како опортунисти кои својата историска шанса ја потрошиле за лично богатење.

П. С. Ако смета статусот министре пиши, ќе го тргнам”, заклучува Божиновски.

Коментарот на Божиновски

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10225970729244140&id=1512444198