Вицепремиерот Османи ја демантира сопствената влада за која тој е „лажго“

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи денеска ладнокрвно како да е член на опозицијата ја демантираше владата каде што работи како втор човек по премиерот Заев.

Османи директно ја негираше содржината на владиното соопштение од пред два дена.

Тој денеска вели дека ќе треба да се вработуваат нови луѓе и да се прават нови трошоци за спроведување на Законот за јазици затоа што тоа е законска обврска што е спротивно на позицијата на владата која објави дека ќе нема нови вработувања за албанскиот јазик.

„Владата ќе се обиде да ја искористи постоечката инфраструктура но со оглед ан тоа што се работи з аново право кое произлегува од потребата граѓаните да комуницираат со централната власта ќе треба да се гради нова техничка инфраструктура но и нови човечки ресурси за да се спроведе законот“, изјави Османи и со тоа директно ја демантираше својата влада.

Предходно во соопштение владата објави дека лажните или неосновани тврдења за наводен дополнителен товар во буџетот и за нови вработувања се само изговори и опструкции на опозицијата.

„Вистината е дека Агенцијата за примена на јазикот и Инспекторатот за употреба на јазиците, како што предвидува законот и како што беше утврдено со политичкиот договор за негово донесување, кадровски ќе бидат екипирани од постоечките човечки реурси во министерствата, агенциите и секретаријатите. Не се предвидени нови вработувања“, напиша Владата во своето соопштение со кое практично својот вицепремиер однапред го нарече лажго затоа што зборува за нови вработувања.

Изјавата на Османи