По вчерашото одбивање на бугарскиот премиер Бојко Борисов да се сретне со македонскиот претседтел и „забраната“ тоа да не го стори ни министерката на за надворешни работи Екатерина Захариева, бугарскиот вицепремиер, Томислав Дончев , изјави „дека сè во политиката е знак“.
Секоја реченици збор, секоја посета, секоја средба и недостатокот на средба е знак“ изјави тој во одговор на прашањето дали бугарскиот премиер постапил дипломатски, откако одби да се сретне со претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов..
„Во конкретниот случај знакот беше многу јасен – премиерот, како што е редно, не сака да се меша во внатрешните работи на една соседна држава. Како ќе го толкувате овој знак е друго прашање, знаете дека во политиката знаците се читаат на поинаков начин“ рекол Дончев, како што пренесува БТА.
Тој повтори дека премиерот бил „воден од стремежот да нема сомнежи дека некој сака да се меша во внатрешните работи на ‘соседна и пријателска Македонија’“.