Обвинителката Ивана Трајчева на судското рочиште за случајот „Софтвери“, каде што првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, денеска читаше пораки од апликацијата Вибер од телефонот на обвинетиот Даниел Станчев од „Инвока груп“.

Првата комуникација што ја презентира Трајчева беше од вибер-група меѓу обвинетите Даниел Станчев, Ирена Ивановска и Драги Рашковски, за кој обвинителката кажа дека бил запишан во телефонот како „Перо 078“, пренесува 360 степени

Тие разговараат за конкурирање на тендер, па така дел од комуникацијата што беше прочитана со датум од 5 јули 2019 година е:

Даниел Станчев: Да аплицираме со Инвока и ФИНКИ, така?
Даниел Станчев: Нема измени?
Перо 078: Па може
Даниел Станчев: И да не зборат, ќе не зборат за пари, не дека сме се посрале
Перо: Тешко ќе ја направат спојката
Ирена 077: Трајче ќе го јаде, не вие
Перо: Трајче и Перо
Даниел: Перо 50к за проектот за утре… Или повеќе па да спуштаме
Перо 078: SOOB?
Даниел Станчев: Да
Перо: Мапа
Даниел Станчев: Нема буџет, ние треба да ставиме од нас
Перо 078: Има предвиден
Даниел Станчев: (порака со линк од страната за јавни набавки)
Даниел Станчев: Падна сајтот на Бирото за јавни набавки. Ова го немаше Ѓоко кога беше директор
Перо 078: Игор знае колку е буџет
.

Другата комуникација што ја читаше обвинителката е помеѓу Даниел Станчев и Игор Христов, кој беше и хонорарец во Владата, а бил запишан во телефонот на Станчев како „Игор Софтвер“.

ПОВЕЌЕ