Вибер комуникација меѓу членови и активисти на владеачката партија покажува грозоморна активност и навреди насочени кон Виолета Спасова избркана од работа и Снежана Цветковска хигиеничарка кои се две од неколкуте вработени во општина Лозово кои со години се соочуваат со мобинг од градоналачникот Ацо Велковски.
И двете јавно проговорија што им се прави во општината од страна на градоначалникот и неговите партиски другари.
Тоа го покажува и вибер комуникацијата на ОО СДСМ Лозово која свиркач ја доставил до Вечер.мк.
Бидејќи станува збор за јавен интерес, Вечер ја објавува во целост.
Во истата, не се зборува само за договорен мобинг, туку и за влијание врз гласачи, составување списоци, како и местење анкети за потребите на СДСМ.
Целата информација со вибер комуникацијата на следниот
ЛИНК