Ви пречат Бугарите во Устав, а балистите? – прашува Цаца-Николовска

„Дали вие имате доказ дека овој дел од народот, бугарскиот народ овој овдека, го негира македонскиот идентитет и јазик“ одговара претседателката на Работната група која (не)подготвува измени на Уставот“, вели Маргарита Цаца-Николовска во интервју за Слободен печат.

„Ќе ве вратам наназад, што станува со балистите, што станува со дел од народите од турското население во време кога се бореле во Крушевската република, што станува со дел од Македонците, дали кај тие граѓани немало одредено однесување со кое негирале или работеле против формирање на оваа држава? Кога се отвори тоа прашање?

За три илјади души се отвора тоа прашање.

Што е опасноста од влез на Бугарите, Црногорците, Хрватите и т.н?

Во самата Преамбула се зборува за оние вредности кои што се дел од македонската државата но и дел од стандардите на една глобална демократија и глобално признавање на слободата на граѓаните“, вели Цаца Николовска.