(…)

Се изредија со изјави за поддршка низа влијателни европски политичари, претседатели на држави и влади, државни секратари, амбасадори и дипломати, како и редица анонимни евроадминистративци. Ги охрабруваат македонските власти да покажат лидерство и без поговор и приговор да го прифатат документот што е предложен од Франција, а зад кој стои името на претседателот Емануел Макрон.


Името Емануел е од еврејската традиција и во превод значи „Бог е со нас“. Но во случајов тоа не мора да значи дека Емануел Макрон е богот за Македонија, нејзиниот спасител, пишува во редовната колуимна во „Нова Македонија“ , новинарот Панде Колемишевски.

„Не само Макрон, туку безмалку сите, давајки ја поддршката јасно изрекоа дека предлогот има многу мани и дека не е баш фер кон Македонија (Северна). Отворено кажуваат дека до денот на приемот ќе треба да поминат две – три децении и дека за тоа време Македонците треба да ги голтаат сите стари и новоизмислени жаби.

Макрон, Шолц, Блинкен, Борел и други го кренаа гласот во одбрана на предлогот, но не во одбрана на Македонија. Тоа е јасно. Како што е познато дека поддршка од таков политички хиерархиски ранг Македонија добивала последниве десеттина години, без да има било каков ефект од неа.

Долга е листата на неостварени ветувања. Таа операција успешно ја изведоа само кога беше потребата да се смени името, а потоа го заборавија и името, ја заборавија и Македонија.
Предлогот што го нудат сега е како скисната тегла ајвар која, штом се отвори, мора да ја изедеме до крај, до последниот залак, а на крајот, ако треба низ грло да ја протнеме и самата тегла.

Цела, таква каква што е, насуво, без вода, без разлика колку боли“, пишува Колемишевски во колумната за Нова Македонија.