Цветан Цветанов, лидер на вонпарламентарната партија Републиканци за Бугарија и бивш вицепремиер и министер за внатрешни работи, меѓу причините за непримањето на неговата земја во Шенген го наведува и бугарското вето за почеток на преговори на Македонија за членство во Европската унија.
„Не заборавајте го однесувањето на Бугарија, кое не беше доследно по бугарското претседателство. Бугарија на европската мапа ги стави влезот на Северна Македонија и нејзината интеграција во ЕУ. Тоа беше главниот приоритет. Но, во Берлинското претседателство во 2020 година Борисов се исплаши и не ги прифати одлуката и иницијативата да се даде можност за почеток на преговори за влез на Северна Македонија и на Албанија во ЕУ“, објасни Цветанов во интервју за Бугарската национална телевизија (БНТ).