Вети ќе им додаде Северна на дресовите и оди да ги бодри во Амстердам

Три дена откако за грчките медиуми најави дека се прават напори да им ги смени дресовите на кои стои кратенката ФФМ за Фудбалска Федерација на Македонија премиерот Заев патува во Амстердам да ги бодри репрезентативците кои играат со Холандија на Европското првенство во фудбал.

Заев во петокот за грчки медиуми се обврзал дека ќе се менуваат дресовите со кратенката ФФМ затоа што според Преспанскиот договор во ознаките на дресовите не смеело да стои само Македонија туку и Северна согласно Преспанскиот договор.

Предходно министерот Османи го одби барањето на Грција затоа што според договорот организации кои не добиваат пари од државата не мораат да го користат новото име наметнато со договорот од Преспа.

Според Заев кој утре на Амстердам арената ќе навива за Македонија и ФФМ ќе мора да го користи зборот Северна иако државата не дава пари за федерацијата.

Во меѓувреме додека во Македонија речиси секаде владата на СДСМ го инсталираше зборот Северна во Грција нема ниту една табла со новото име на Македонија според договорот.

Голем дел од грчката јавност Македонија се уште ја именува како Скопје или Фиром.

Предходно период по потпишувањето на Преспанскиот договор во повеќе наврати Заев носеше дрес со ознаката ФФМ.