Во својот исказ денеска пред судот во предметот „Таргет-Тврдина“, поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски, изјави дека материјалите од УБК кои биле незаконски прибавени, биле изменети и компромитирани.
Верушевски изјави дека до неговото апсење го знаел точниот обем на документацијата, но потоа немал контрола.
„Факт е дека таа документација доживеа страотни модификации и компромитирања. Зборувам после моето лишување од слобода“, рече Верушевски, на општо изненадување во судницата.
Тоа, пишува „Вечер“, практично значи дека материјалите кои ги предал Заев во СЈО се изменети и монтирани, што практично отвара прашања во однос на постапките и по другите предмети.
Во својот исказ Верушевски не можеше да ја потврди ниту веродостојноста на материјалите со кои располагал пред да биде приведен во случајот „Пуч“.