Поранешниот белгиски премиер Ги Верхофштад изјави дека „посилна и пообединета Европа“ – т.е. онаа во која Обединетото Кралство сè уште би била во ЕУ – можеше да биде доволна причина за да го одврати Владимир Путин од неговата инвазија на Украина, пренесува „Политико“.
Актуелниот лидер на либералите и координатор за Брегзит на ЕП го кажа во интервју за радио LBC рече дека руската „брутална инвазија“ „нема никаква врска со проширувањето на НАТО, нема никаква врска со … Европската унија.
Ова е навистина обид на Путин да го врати стариот Советски Сојуз“.
Тој изјави дека „обединета Европа, што се однесува до прашањата за одбраната секако би направила огромна разлика. Мислам дека можеби без Брегзит, можеби немаше да има руска инвазија. Не знам, претпоставувам дека од другата страна тие (Русите -н.з.) би виделе многу посилна и обединета Европа“, додаде тој.
Верхофштад говореше по повод третата годишнина од излегувањето на Обединетото Кралство од ЕУ.
Тој изјави дека се надева дека Британија еден ден повторно ќе се приклучи на блокот и дека Украина исто така може да се приклучи, „а зошто да не во следните пет години?“.
