Сонцето од Кутлеш на лаптопите на опозициските советници ги конфронтира со претседателката на Советот на Општина Куманово, Атина Мургашанска, обележувајќи ја вчерашната седница.

Мургашанска инсистираше тие да ги отстранат налепниците со државното знаме на Македонија од 1992 до 1995 година поради забраната од Преспански договор за јавна употреба на симболот.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ, пак, бараа од неа да им каже врз основа на кој закон тоа е забрането и да ги санкционира според него, ако таков постои.