Тринаесет дена јавноста чека и се чуди зошто брат му на лицето Вице Н. од кривичната пријава за Рекет во РЕК Битола не му ја прифаќа оставката на човекот што потпишал пациенти да се лечат во контејнери за кои не треба употребна дозвола, според признанието на Зоран Заев.

Што си имаат меѓу себе Филипче, Заев и Вице Н. ќе покаже иднината и истрагите но она што сега и без посебна истрага е кристално јасно е фактот дека Заев, чиј брат лежерно се сонча на плажа со министерот, еднаш веќе му простил голем грев на својот потпретседател во СДСМ.

Гревот не само морален туку и формално – правен. Постои како формална одлука на релевантна институција која се занимава со корупциски скандали.

Оваа институција, Антикорупциската комисија односно ДКСК лани донесла одлука дека Венко Филипче треба да се казни за своето противзаконско однесување но нему досега не му фалеше ни влакно од главата.

Тогаш ДКСК заклучи дека Филипче го прекршил законот со користење на службено возило за партиски цели и ѝ наложи на владата да преземе санкции кон министерот кој ја злоупотребил својата позиција.

Вицепремиерот за корупција и криминал Љупчо Николовски случајот засега го става Ад Акта и мисли дека и ние новинарите ќе заборавиме дека брат му на Вице Н. еднаш му простил на неговиот компањон.

Брат му на Вице Н. можеби ќе се спаси за тоа што не постапил по одлуката на Антикорупциската комисија која барала казна за Филипче за злоупотреба на својата позиција за партиски цели но вицепремиерот на брат му на Вице Н. не треба да се надева на такво сценарио.

Тој морал да го спроведе законот за чие неспроведување има посебно кривично дело. Дело за кое еден убав ден ќе се појави пред јавен обвинител, со или без лисици, сеедно.

Дотогаш нека се тешат, нека ги лажат своите наивни соработници и нека се куражат дека Американците стоеле зад нив и дека некој си Стивенсон ќе ги заштител за да ги спровеле сите прљави работи.

Нека се сетат само на Милошевиќ и Санадер и ќе сфатат дека ниту Стивенсон ни свети Стивенсон не може да стои зад нив и да ги спасува од криминалот затоа што и наводниот Стивенсон си бара некој да застане зад него.

Предходна колумна од истиот автор

Друже Трендо, имаш текст за рубриката “Булшит детектор” – пишува Горан Момироски