Велковски: Полска е фаворит во групата, но верувам дека можеме да бидеме втори

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Велковски за „Ријека данас“ ги сумира впечатоците од стартот на квалификациите за Европско првенство во 2020 година, во кои се надева на второто место.

„Добро тргнавме во квалификациите, четири бода се добар резултат. Против Словенија можевме да славиме, но, објективно, и да загубиме, па ремито беше реално. Автоголот против Летонија за моја среќа не влијаеше врз исходот. Се случи таква по малку несреќна ситуација. Сега нè чекаат два тешки натпревара против Полска и Австрија, но има време до тие мечеви“, изјави централниот бек на Риека, потврдувајќи дека Македонија сонува историски пласман на ЕП.

„Првото место во групата ќе биде тешко да се достигне, бидејќи Полска, објективно, е фаворит, но верувам дека можеме да бидеме втори. Нè очекува завршницата од групата Д во Лига на нации и дуелот со Косово во полуфиналето. Победникот на завршницата оди директно на ЕП и тоа исто така е наша шанса“, додава играчот со 13 настапи за националниот тим.

„Има доста млади играчи, единствено Пандев е постар од 30 години, останатите се играчи од 20 до 26 години. Има многу играчи од репрезентацијата на Македонија до 21 година, која оствари пласман на ЕП. Пандев нè води на тревникот, имаме добра генерација и одличен селектор“, заклучува 23-годишниот фудбалер.