Насловот на овој текст го покажува целиот апсурд во македонскиот политички систем во кој Македонци се пишуваат како Албанци за да добијат работа, градоначалници Македонци имаат братучеди Албанци а не навлегуваат во личната етничка определба на снаите кои имаат македонски имиња и презимиња ама се вработуваат како Албански.
Снаата на градоначалникот на Бутел од редовите на СДСМ Велимир Смилевски пред десетина дена се вработила како Албанка во општината што ја раководи Смилевски.
Еве што одговара функционерот на СДСМ запрашан да одговори за непотизмот и лажните етнички идентитети на неговите колеги.
Она кога “комуњарава” жив фатен во непотизам и злоупотреби, сите не прави идиоти. И ти ли @SPendarovski имаш братучед Албанец како дебилов, оти нели, процентите % по рамковен не одлучуваат за вработувања. pic.twitter.com/YrRDpPN1lS
— Демир (@Trollowsky) December 25, 2019