Основачот на движењето Нова Република Ивон Величковски бара македонските политички фактори да побараат отворање на американска или НАТО воена база во Македонија.
Паралелно за борба со наркоманската мафија Величковски бара да се побара официјален Вашингтон да отвори перманентна испостава на Американската агенција за борба против наркотици позната како ДЕА.
,,Само Владата којашто ќе побара отворање:
– постојана Канцеларија на D.E.A. и
– американска или НАТО база…
…во 🇲🇰 всушност е за сојузништво на Македонија во НАТО и може да го отвора патот на земјата кон ЕУ.
Засега во власта и опозицијата е мртва трка кој да спречи ваква влада.
Отворањето на врските на Скопје со Брисел за почеток значи затворање на крими-мафиа-службењачите врски со Белград, т.е. Москва.
Договорите со 🇧🇬 сега и 🇬🇷 претходно се механизмите на патот, кои живаљевиќевистите ќе ги проблематизираат за чување на врските што им значат живот.
Пропагандно и институционално”, пишува иницијаторот на Нова Република и екс пратеник и лидер на ЛП.