Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на Алсат М го обвини министерот за надворешни работи Бујар Османи за странски влијанија но не кажа што презел за да го спречи тоа.

Основачот на движењето Нова Република Ивон Величковски тврди дека ако Димитров знаел дека има такви влијанија а не пријавил, тогаш Димитров е соучесник или лаже дека има такви сознанија.

Величковски забележува дека ако Димитров пријавил како што би бил должен, кој не постапил по пријавеното?

,,Упатно е Димитров да каже со кој документ и кога ја известил Владата, односно Премиерот, Претседателот на Републиката и Агенцијата за национална безбедност за сознанијата што ги искажа на 360 Степени.

Потоа, Пендаровски, Заев и Димовски да одговорат како постапиле по неговото известување. Ако го имало.
Ако такво известување немало, Пендаровски е на потег да ги искористи инструментите што му се на располагање”, смета Величковски.

Во уставот и кривичниот законик има повеќе одредби за случаи кога државни функционери работат на штета на својата а во корист на трети земји или фактори.

Исто така постојат и кривични дела за непријавување на кривични дела.