Велешанец со бел „,мерцедес“ синоќа прегазил 11-годишно девојче и неговата мајка и побегнал од местото на несреќата. Девојчето загинало на самото место, а мајката е тешко повредена, јави локалниот портал Батали.нет.

Неофицијално, на местото на несреќата пронајдени се регистарските таблички на возилото, а полицијата трага по сторителот на сообраќајната незгода.

Од МВР сè уште нема официјална потврда на настанот и повеќе информации се очекуваат во текот на денот.