Македонскиот велемајстор Никола Митков триумфира на силниот шаховски турнир во Гватемала во конкуренција на 146 учесници од 18 земји, претставен под името и знамето на Македонија, без додавката „Северна“.
Првиот Македонец со највисоката шаховска титула освои седум поени од девет партии. Тој имаше најдобар скор според дополнителните критериуми во однос на уште тројца велемајстори со биланс 7/9 – второпласираниот Алфонсо Холмес Ромеро (2415) од Шпанија, првиот носител Сандро Мареко (2619) од Аргентина и треторангираниот Кристобал Вилјагра Енрикес (2603) од Чиле.
Митков, кој живее во САД, го почна турнирот како деветти според рејтингот 2508 меѓу 12 велемајстори.