Официјалниот потврден биланс на загинати во железничката несреќа во Грција доцна синоќа се искачи на 57, а 56 патници се уште се водат како исчезнати според најновото соопштение на Грчката противпожарна служба.

Спасувачките операции сè уште беа во тек под тешки услови, а фокусот сега е на третиот вагон кој е речиси целосно превртен, јавува Катимерини

Од хоспитализираните 72 патници од возот, 15 се пуштени, а 57 ќе останат во болница, од кои 6 се на одделенијата за интензивна нега.

Многу од 350-те патници кои патуваа во возот беа студенти кои се враќаа во Солун по долгиот викенд.

Екипите ќе продолжат да ги пребаруваат остатоците од патничкиот воз за исчезнати лица, иако надежите за пронаоѓање на преживеани исчезнува.