Вечерва гласање недоверба на владата на Кирил Петков

Вечерва бугарските пратеници се собираат на вонредна седница за да и изгласаат недоверба на владата на Кирил Петков. Потребни се 121 глас за да биде успешна.

Дури и да биде изгласана недоверба, владата на Кирил Петков ќе продолжи да владее додека траат собраниските консултации за формирање на нов кабинет. Доколку бидат успешни, новата влада полага заклетва и Кирил Петков – заминува од власт.

Доколку не успеат консултациите, претседателот Румен Радев го распушта парламентот, назначува преодна влада и распишува нови избори.

Денеска, исто така, парламентот избира нов претседател на Националното собрание, откако беше сменет претходниот спикер Никола Минчев на барање на „Има таков народ“, поддржан од ГЕРБ, ДПС и Преродба.

Засега нема официјално објавени кандидатури на пратеничките групи за нов претседател.

Дали гласањето за недоверба ќе биде успешно ќе се покаже уште при гласањето за нов претседател на Собранието.