По повод православниот празник Велигден, вечерва нема да биде во сила полицискиот час, а од утре вечер повторно се враќа на сила забраната за движење по 21 часот.
Од 28 април во сила е полициски час од 21 до 5 часот, а исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови меѓу 1 и 2 мај за време на Велигден, и вечерта меѓу 13 и 14 мај за Рамазан бајрам. Новите мерки важат до 15 мај.
Препорака е за време на верските празници богослужбите да се одржуваат на отворено,а граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.
