„Владата повторно заборави на Македонија, Македонци и македонско. Ниту Македониум, ниту Мечкин Камен, ниту АСНОМ, а камо ли Крушевска Република, ‘Илинден, нашата сила за иднината!’ не се годинашново лого на Владата за 2 Август“. Повторно се изоставени националните симболи и името на државата во симболот за Илинден 2022 година.“ – се наведува во статијата, која весникот „Вечер“ ја објави со наслов „Постерот за Илинден без Македонија – Владата традиционално го избегнува користењето на македонските термини“.

Во статијата пишува: “Премиерот Ковачевски го сподели симболот на опоштествените мрежи, нагласувајќи дека нашиот поглед бил вперен во иднината, исто како и на илинденците и асномците и оти заеднички сме го остварувале нивниот сон. ‘На 119-годишнината од Илинденското востание и 78-годишнината од Првото заседание на АСНОМ се поклонуваме и ја славиме традицијата на комитите, револуционерните борци, партизаните, нивниот идеал, личната саможртва.’ – објави Ковачевски на фејсбук.“

Тој дополнува: „Тие нѐ задолжија вечно да ја чуваме и развиваме идејата за слободна, независна, демократска, прогресивна република и мултикултурно општество. Денес, ние интензивно ја градиме таа илинденска визија. Република **** Македонија е земја на мир, слобода, пријателство и соживот. Земја со големи меѓународни НАТО сојузници и ЕУ пријатели, земја со европска иднина за нашите сегашни и идни генерации.“

„На денот Илинден, кога се слават херојствата на македонските револуционери Гоце Делчев, Јане Сандански, Даме Груев, Никола Карев, Ченто и многу други, во својата најава Ковачевски не спомнува ниту еден. Ниту еден од хероите со години не е дел ниту од симболот, кој се прави за големиот македонски празник, а ова е трета година по ред не го споменува името на државата. Во 2019-та парола гласеше ‘Сите сме деца на Илинден’, а во 2020 ‘Победа за сите – Илинден’. Лани само Илинден 2021 беше логото за 2-ри Август.“

„Во 2020-та лидерот на СДСМ и тогашен премиер Зоран Заев не се појави никаде официјално да го одбележи Илинден, честитка испрати преку својот Фејсбук профил, а немаше споменато ниту еден од македонските револуционери. Во 2019-та Заев порача дека илинденците се бореле според него за иднина на граѓанска и демократска **** Македонија.“

Името на државата не беше споменато ниту на прослава на денот на независноста на Македонија, Осми септември, 2019-та, тогаш паролата гласеше ‘Боите на независноста’.“