Во ноќешното пукање во хотелот „Александар Палас“ биле нападнати Камер Идризи, Јетон Кривањева и Енсар Исени, дознава „Вечер“.
МВР, претпладнево соопшти дека биле нападнати Е.И. (21), Е.И. (25), О.Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25) од три лица кои почнале да пукаат кон нив.
Напаѓачите биле вооружени со автоматско оружје и имале фантомки на главите, а поголеми последици врз нападнатите спречил полицаец во цивил кој во тој момент седел на истата маса со нападнатите и пукал кон напаѓачите во самоодбрана.
Според првичните информации нападнатата група наводно е група која оперира во скопско.