Порталот Вечер.мк ексклузивно објави дека Европскиот суд за човекови права донел одлука за предметите во кои група обвинети и судени по обвиненија на СЈО бараат Судот за човекови права во Стразбур да постапува по нивните предмети со предлог да одлучи дека аболицијата не може да се повлече кога еднаш е дадена.

Вечер потстетува дека професорот Гордан Калајџиев уште минатата година предупреди дека предметите на СЈО ќе наидат на искушенија во постапки пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, откако ќе се исцрпат сите правни лекови во домашното право.

Во опсежната анализа „Помилувањата на претседателот Иванов во сенка на уставноста на Законот за помилување“ Калајџиев потсетува на случајот „Лекса против Словачка“ („Leхa v. Slovakia“) во кој, како што вели, државата не може да си поигрува со судбините на луѓето, па ако им биде дадено помилување или амнестија од надлежен државен орган, согласно со Устав и закон не може да си поигрува со нивните судбини.

Случајот „Lexa против Словачка“ е сериозен проблем на кои случаите на СЈО допрва ќе наидат во Стразбур, пишува Калајџиев во анализата.

повеќе