Судот за човекови права во Старзбур одлучил дека аболицијата на тогашниот претседател Ѓорѓи Иванов, од април 2016 година, со која од прогон се аболицирани 54 лица – важи, не е и не може да биде повлечена или укината, дознава Вечер.мк.
Со тоа, најголем дел од предметите кои сега се во фаза на судење по обвинение од СЈО паѓаат во вода, мора да се запрат, а обвинетите или осудените да бидат ослободени од прогон или казна.
Одлуките на Европскиот суд за човекови права од Стразбур, според нашето право, се оврзувачки за судовите. Според сознанијата на Вечер.мк Судот во Стразбур за својот став ја известил и македонската влада уште на 14 Септември, и решил одлуката да се спроведе во две фази.
Владата оваа информација досега ја криела од јавноста, пишува порталот.