Директорот на приватната компанија за јавен превоз Слобода превоз Ленин Јовановски објавува видео во кое се слуша како градоначалничката на Скопје Данела Арсовска лаже во одговор на новинарско прашање.

Арсовска под чие раководство Скопје се најде во тотален автобуски хаос почна војна со приватните превозници тврди дека таа во кампањата за градоначалник не се возела во приватен автобус иако во видеото се гледа дека таа се сликала пред возило кое не е на ЈСП Скопје.

,,Ви се смее, во очи ве гледа и ДРСКО ЛАЖЕ.
На прашањето на новинарот дека во кампањата се возеше со приватен автобус БЕЗ СРАМ И ПЕРДЕ му реплицира: “напротив се возев со автобус на ЈСП Скопје”. А еве на протестите видете го и автобусот (со рег.табл. и гаражен број) и возачот од Слобода Превоз и сите други кои ги лажеше. Сега по 33 години работа и нив ги остави без пари, а Скопјани без превоз кој сега и за пари го нема”, пишува Јовановски кој со пораката ,,ПОГЛЕДНЕТЕ ДЕЛ ОД НЕЈЗИНИТЕ ПАТОЛОШКИ ЛАГИ”, објавува видео со изјави и настани на кои е Арсовска.

Видеото на овој линк

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0ZBnRXVaL6TtmwQtF3HkQoq6jEEuUoor2KtuR21Xs23Y7DYLPhZhzSikwcgFmrGD7l&id=100000101814329&mibextid=Nif5oz