Телевизија Алфа за вечерва најавува интервју со Дарко Митревски, режисер и сценарист во кое водителите на емисијата “Заспиј ако можеш” Горан Момироски и Драган Милосављевиќ ќе зборуваат за теми кои се актуелни и атрактивни а некои се и вџашувачки.

За дел од темите досега малку е зборувано во македонските медиуми:

“Мис Стон” немала дилема дека грабнувачи биле Македонци

Сведок кој со удар од кундак го изгубил окото раскажува кој ги депортирал во смрт македонските Евреи

Холивудски Оскаровец лобирал за “Трето Полувреме” кај Црвенковски и Груевски

Митревски во Бугарија е прикажан како црн ѓавол а зборувал за општото зло на фашизмот

“Море сокол пие” која станува симбол на отпорот е гордост и дефиниција на македонскиот идентитет

Освен сега македонскиот народ со песна како единствен отпор последен останал за време на Балканските војни во 1913 година

На Митревски му се заканувале дека на граница ќе го убијат како куче на улица

“Мајка Македонија ја силуваат а нејзини деца вртат глава или аплаудираат”

Не може да се води трговија за националната чест

Има Македонци “Покондирани тикви” кои се срамат од своето потекло

Емисијата почнува во 22.30 на Алфа ТВ

Најавата

Ја сака Македонија и мрзи насилство од било каков вид https://www.expres.mk/makedonofil-od-sad-do-bugarija-revizionizam-zhimi-zadnikov/