Колегите на новиот шеф на јавното обвинителство за организиран криминал и корупција Ислам Абази се вџашени од негова лежерност и неактивност на почетокот на неговиот мандат.
Шефот на организиран криминал цели 22 дена откако беше избран и 15 дена откако е седнат во фотељата која ја наследи од Вилма Русковска не бара реферирање за предмети кои ги водат обвинители кои што му се потчинети.
Извори во ова обвинителство велат дека е крајно невообичаено е цели две недели првиот човек на ова правосудна институција да не бара од обвинителите да реферираат за тековните предмети кои што се во предистрага или истрага.
Изворите се убедени дека Ислам Абази кој е под будното око на американската амбасадорка во Скопје заради изборот на кој му кумуваше ДУИ, намерно избегнува да биде информиран за тековните истраги затоа што за тие што веќе е завршена предистрагата ќе мора да потпише почеток на истрага и можно апсење на дел од обвинетите.
Според изворите Абази се плаши дека по реферирањето и утврдување на завршени предистраги тој ќе мора потпише јавно обвинителска наредба со која ќе гонат или апсат и високи членови на ДУИ, партијата која е најзаслужна за неговиот избор.
Меѓу предистрагите кои веќе се завршени има предмети во кои се наоѓаат звучни имиња од ДУИ и СДСМ кои се на високи функции во владата и владини институции.
Абази сега се наоѓа во тешка ситуација затоа што ако постапи по законот ќе се судри со ДУИ а ако не постапи согласно законот ќе се судри со јавноста но и со амбасадата на САД и амбасадорката Агелер која јавно го коментираше неговиот скандалозен избор за шеф на обвинителството за организиран криминал.