Тројца скопјани вчера се повредени отако ги нападнале бездомни кучиња на три различни локации во Скопје, соопшти полицијата.
Во 9 часот во Полициската станица Аеродром А.М.(28) од Скопје, пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ во близина на мост на река Вардар, била касната од куче скитник.
Во 20.30 часот во Полициската станица Гази Баба А.С.(45) од Скопје, пријавила дека на ул.„Финска“ била касната од куче скитник.
Во 21.10 часот во Полициската станица Ѓорче Петров Ѓ.М.(77) од Скопје пријавил дека на ул.„Тиранска“ бил каснат од куче скитник, информира полицијата, како што пренесува „Скопско ехо“.
