Пензионерите од Свети Николе денеска од 9 до 10 часот ќе излезат на протест.

Тие најавија дека на блокадa ќе излезат и со своите трактори, имајќи во предвид дека Овче Поле е втора по големина житница во земјава и каде населението егзистира од производство на жито, детелина, лозја, бостан и градинарски производи.

Синоќа на плоштадот „Магнолија“ се одржа четвртиот по ред протест на дел од битолските пензионери, кои бараат линеарно зголемување на пензиите од 3500 денари и определување минимална пензија од 18.000 денари.

На протестот беа отфрлени ставовите и предлозите на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска за она што го преземаат како министерство и како Влада за подобрување на стандардот на пензионерите, од процентот на зголемување на пензии до помошта која им се дава на најранливите категории на пензионери, јави ТВ Тера.