Вчера 96, денеска 105 случаи на заразени од корона – нема починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 735 тестови, а регистрирани се 105 нови случаи на КОВИД-19.

Од нив, во Скопје – 78, Битола – 9, Прилеп – 3, Куманово, Тетово, Кавадарци, Охрид, Струмица и Штип – по 2, Кичево, Берово и Кратово – по 1.   Од вкупниот број на позитивни (105), регистрирани се 22 реинфекции.  

Регистрирани сe 49 оздравени пациенти

Во текот на изминатите 24 часа, не е регистрирано починато лице. Досега во земјата се направени вкупно 2.168.892 тестирања на КОВИД-19.