Важен член на СДСМ бил таргет на параполициска и разузнавачка акција на МВР (ВИДЕО)

Потпретседателот на Собранието Фросина Ременски тврди дека била таргет на параполициска и разузнавачка акција на високи функционери на МВР.

Ременска по исказот во Обвинителството за организиран криминал за случајот Рекет 2 , рече дека јавноста треба да се позанимава со дејствијата на поранешниот директор на УБК Горан Николовски, и дали и што тој превземал нешто по службена должност околу пријавувањето на дејствијата од страна на фамилијата Камчеви.

Пратеничката индиректно го обвинува Николовски дека криел информации од владата поради блискост со одредени луѓе во државата.

„Која е улогата на поранешниот директор на УБК Горан Николовски во делот на пријавувањето на дејствијата од семејството Камчеви? Што превземал како службени дејствија? Дали ако нешто превзел, ќе си дозволеа министрите и премиерот да даваат на телевизијата видео честитки?“, рече Ременски.

Тврдењето дека Николовски заедно со други припадници на МВР оперативно ја обработувал Ременска во видеото на ТВ21.

Пред два дена емисијата Код откри дека македонски оперативци со возила за шпионирање со недели се возеле низ земји членки на ЕУ и НАТО вршејќи услуга на трета земја.

Нов огромен скандал во МВР – загрозено ли е членството во ЕУ и НАТО?