Васиљ тврди дека кривичната за 75 илјади евра за портал не може да ја наруши неговата чест

Инфлуенсерот Влатко Васиљ кој е еден од четворицата екс соработници на Петре Шилегов смета дека кривичната пријава за набавка на веб портал во вредност од 75 илјади евра е обид за притисок против него затоа што ја критикувал ВМРО-ДПМНЕ.

,,И покрај што немам никаква директна поврзаност со кривичната, повеќе од јасно е дека користењето и спомнувањето на моето име е подло демонстрирање на притисок и заплашување, како и евтин начин да се нахранат ботовите и сите оние што им пречи мојата критичност кон ВМРО-ДПМНЕ”, напиша Васиљ во своја одбрана.

Мојата чест и углед, мојот интегритет и чесност не можат да се извалкаат и злоупотребат за евтини политички и партиски цели. Како вработен во Град Скопје ќе се воздржам од дополнително коментирање на оваа тема сè додека вистината не излезе на виделина.

За што се гонат Васиљ и тројца други луѓе

Инфлуенсерот Васиљ меѓу тие што се гонат за набавка на веб страна од 75 илјади евра