Инаугурацијата на Џо Бајден за претседател на Соединетите Американски Држави ќе се изврши денес напладне по локално време, односно 18 по средноевропско време.

Тоа ќе биде прва церемонија во поновата историја на која нема да присуствуваат претседателот во заминување и првата дама Доналд и Меланија Трамп.

Бајден ќе положи заклетва како 46-ти претседател на Соединетите држави на 59-та церемонија на инаугурацијата, и за разлика од претходните церемонии – традиционалните говори, настапи на поранешни претседатели – тој ќе се појави пред мала, физички оддалечен од публика, со заштитни маски, и во градот кој е „заклучен“ поради пандемијата и поради безбедносни закани.

По заклетвата, Бајден ќе го има своето прво обраќање до нацијата како претседател.