ЕУ многу сериозно ги сфаќа сите бугарски грижи и тие сега се дел од преговарачкиот процес. Сега е моментот за одговорни одлуки. Западниот Балкан треба да биде дел од нашата Европска Унија. Заедно ќе бидеме посилни, напиша еврокомесарот Оливер Вархеји во пресрет на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел.

Ова може да значи само тоа дека евроинтегративните процеси за земјите од Западен Балкан и натаму ќе бидат во ќорсокак, а денеска Украина и Молдавија најверојатно по брза постапка ќе добијат кандидатски статус,објави МКД.Мк.

Европската комисија препорача Украина и Молдавија да добијат статус на кандидати за ЕУ, додека Грузија мора да исполни голем број услови и треба да почека.

Денеска и утре во Брисел се одржува самитот на лидерите на 27 земји членки на ЕУ кои, меѓу другото ќе разгледуваат апликациите за членство.

Во Брисел се присутни и лидерите од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија. Македонија, Црна Гора, Албанија, Србија и Турција се официјални кандидати за влез во ЕУ, а Босна и Косово се само потенцијални земји кандидати.