Вархеји по нападот на клубот „Цар Борис“ подготвен да се сретне со македонските Бугари

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји бара македонските власти да го откријат извршителот на вчерашниот напад врз бугарскиот клуб „Цар Борис“ во Охрид

„Секој напад врз која било заедница во с. Македонија мора да биде следен од полицијата и владата. Свесен сум за вчерашниот напад (врз клубот на македонските Бугари во Охрид). Се надевам дека владата ќе го стори истото како и во претходниот случај (нападот на клубот во Битола на почетокот на август)“, јавуваат бугарски медиуми.

Еврокомесарот изјави дека е подготвен да се сретне со претставници на организациите на македонските Бугари доколку побараат средба со него.

„Мојата врата е секогаш отворена за секоја заинтересирана страна од која било земја кандидат“, додаде Вархеји.